Тенисер кој се зарази од корона на турнир во САД открива: Таму никој не се придржува до правилата

Речиси 100 отсто сигурно е дека Новак Ѓоковиќ нема да добие дозвола за влез во САД, а тоа значи дека нема да настапи на последниот гренслем-турнир во сезоната, Отвореното првенство на САД, во Њујорк. Србинот не може да влезе во земјата затоа што во САД има забрана за влез на странци кои немаа примено вакцина против корона-вирусот.

Многу тенисери, но и јавни личности застанаа како поддршка за Ѓоковиќ да добие дозвола да влезе во САД, а последен во низата е австралискиот тенисер Џон Милман. Овој тенисер констатира дека е бесмислена одлуката невакцинирани странски тенисери да не смеат да играат во Њујорк затоа што во САД многу малку се почитуваат препораките дадени од властите.

Милсам пред 10-тина дена учествуваше на АТП-турнирот во Атланта, а Австралиецот вели дека таму речиси никој не се придржувал на протоколите, па така тој се заразил со вирусот.

„Имам корона. Бев во САД и стекнав впечаток дека мал број луѓе се придржуваат до протоколите во таа земја. Тоа е во ред, но тогаш не можам да сфатам како Новак Ѓоковиќ не смее да влезе во земјата и да игра. Да бидам јасен, кога во САД би се придржувале сите до протоколите, тогаш би ја поддржал одлуката во државата да влегуваат само луѓе кои се вакцинирани. Сепак, според тоа што го видов, никој не се придржува на правилата, дури и на турнирите им е дозволено да играат невакцинирани тенисери од САД, додека само 30 отсто имаат примено бустер вакцина“, објаснува 76-тиот тенисер на АТП-листата.

Отвореното првенство на САД започнува на 29 август, многу веројатно без Ѓоковиќ, кој триумфира на последниот гренслем-турнир во Лондон, освојувајќи нов трофеј на Вимблдон.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести