Иван Тричковски како ексиграч на Црвена ѕвезда најмногу се радуваше на триумфот од 2-1 на АЕК Ларнака во првиот дуел против Партизан од третото квалификациско коло во Лигата на Европа.
Поранешниот репрезентативец на Македонија стандардно се најде во почетните 11 на кипарскиот тим, на теренот се задржа еден час, а само десетина минути по излегувањето на Тричковски, АЕК преку Миличевиќ го оствари пресвртот за конечни 2-1.
Претходно гостите од Белград поведоа преку Мениг во 18-тата минута, израмни Гарсија во 34-тата минута за 1-1 по првото полувреме.
Реваншот ќе се игра идниот четврток во Белград.