Шкупи е во негатива од 2-0 на гостувањето кај Шемрок роверс во првиот меч од третото квалификациско коло во Лигата на Европа.
Македонскиот првак ќе мора да го крене нивото на игра во вториот дел ако сака да ги одржи во живот шансите за пласман во плејофот. Избраниците на Седлоски само еднаш се заканија кон домашниот гол, што е знак дека Шкупи во вториот дел ќе мора да игра понапаѓачки фудбал.
Прекршокот на Диене и голот на Бурк може да го видите ТУКА.
Диене во 11-тата минута направи непромислен прекршок во својот шестнаесетник и им подари пенал на фудбалерите на Шемрок, кој Бурк го искористи за рано водство. На 2-0 зголеми Ватс во 29-тата минута.
Голот за 2-0 во корист на Шемрок може да го видите на следниот ЛИНК.