Соиграч на Алиоски му конкурира на Кевен за најубав гол вечерва (видео)

Фенербахче направи голем исчекор кон плејофот во Лигата на Европа откако вечерва со убедливи 3-0 го надигра Словачко во Истанбул. Играч на натпреварот беше Линколн, како стрелец и двократен асистент учествуваше во сите три гола на новиот клуб на Езѓан Алиоски.

Бразилецот изведе хируршки прецизен слободен удар од околу 25 метри, противничкиот голман немаше никакви шанси за интервенција иако даде сè од себе.

https://twitter.com/fatih5454/status/1555249178133012480

Кевен на Шкупи изведе ремек-дело во поразот од Шемрок со 3-1, па сега овие два погодоци конкурираат за најдобро постигнати вечерва.

Инаку, поразениот тим од овој двомеч може да налета на Шкендија во плејофот од Лигата на конференции доколку тимот од Тетово идниот четврток го елиминира АИК Стокхолм.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести