Роберт Левандовски беше прогласен за најдобар играч на натпреварот од трофејот „Жоан Гампер“ помеѓу Барселона и Пумас УНАМ од Мексико, кој заврши со триумф на Каталонците од 6-0.
Полјакот, кој е најзвучното засилување за Барса, на својот прв меч на „Камп ноу“ постигна гол по две и пол минути игра, а до 19-таta минута веќе имаше и две асистенции, од кои едната феноменална. Полјакот играше до 60-таta минута, кога беше заменет со Мемфис Депај.
„Прекрасна вечер“, напиша Леви на „Инстаграм“ по одличното и негово и тимско издание.
Првиот официјален меч на Барселона во новата сезона е на 13-ти август против Рајо Валјекано.