Домашните екипи апсолутно доминираа вчеравечер во првата фаза од Купот на Италија и сите победија, а имаше чудесен сплет на околности и дури три триумфи со ист резултат од 3:2.
Само Болоња победи со 1:0 против Козенца и оди понатаму на меч на кој тренерот на домаќините, Синиша Михајловиќ, доби овации на првиот меч откако излезе од болница.
Михајловиќ веќе подолг период успешно се бори со леукемија, а летово му се појави повторно, но пак успеа да се справи со тешката болест.
Bologna riabbraccia Sinisa Mihajlovic #Bologna #Cosenza #Mihajlovic pic.twitter.com/oQIokSNfmp
— Francesco Livorti (@FrancescoLivo_) August 8, 2022
Претходно Џенова го победи Беневенто со 3:2, а ист беше резултатот и на дуелите меѓу Модена и Сасуоло и Кремонезе против Тернана.
Победниците од овие дуели се пласираа во втората фаза од популарната Копа Италија.