Кристијано Роналдо заврши на второто место во гласањето за најдобар играч во историјата на Премиер лигата

По повод 30-годишнината од постоењето на англиската Премиер лига под ова име, беше направена анкета во која учествуваа над 1.000 луѓе и според нивните гласови, најдобар фудбалер во историјата на Премиер лигата е Тјери Анри.

Некогашниот голгетер на Арсенал се најде пред Кристијано Роналдо и Алан Ширер (прв стрелец во историјата на Премиер лигата), кои се на второ, односно трето место. Во топ 10 влегоа и Ерик Кантона, Стивен Џерард, Денис Бергкамп, Мохамед Салах, Кевин де Бројне, Рајан Гигс и Серхио Агуеро.

Роналдо бил најпопуларен кај гласачите на возраст од 45 до 54 години.

Анри во периодот од 1999 до 2007 година даде 174 гола, а имаше и 74 асистенции. Четири пати беше прв стрелец на лигата, а со Топчиите од Лондон двапати ја освои Премиер лигата, од кои еднаш во 2003/2004 без пораз, што е единствен таков случај во постоењето на Премиер лигата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести