Почна судењето во Калифорнија за случајот во кој Ванеса Брајант, вдовицата на трагично-загинатиот Коби Брајант, ја тужи полициската станица која беше надлежна при хеликоптерската несреќа по која спортскиот свет остана без иконата и еден од најдобрите кошаркари на сите времиња.
Според адвокатите на Ванеса, полициски и пожарникарски службеници кои биле на лице место на несреќата која се случи во јануари 2020 година „од забава“ споделувале фотографии од местото на блиски преку пораки. Ванеса ги тужи поради нарушување на приватноста. Доколку се пресуди во нејзина корист, отштетата може да изнесува до 30 милиони долари.
Инаку Брајант со неговата ќерка Џијана заедно со уште седуммина патници, вклучувајќи го и пилотот на хеликоптерот, трагично ги загубија животите кон крајот на јануари пред две години во близина на Лос Анџелес.