Шкупи се изнаигра пред да ја почне домашната сезона, тоа е шанса за Лавовите од Ѓорче Петров

Актуелниот македонски шампион, Шкупи се изнаигра фудбал во квалификациите за еврокуповите и мина дури три различни фази, односно сите можни, од Лигата на шампионите преку Европа Лигата и стаса до финалето за настап во Конференциската лига, што е вистински раритет.

Чаирчани денеска од 17 часот ќе го почнат новото домашно првенство каде ја бранат титулата, а ривал ќе им биде Македонија Ѓорче Петров.

Поради обврски на Шкупи во Европа и двомечот со Шамрок и двете наши екипи не играа во првото коло во ПМФЛ, минатиот викенд.

На „Чаир“ денеска ќе биде и ограничен бројот на публика, поради работи на едната трибина, а се очекува добар меч на две екипи што не претставуваа во еврокуповите во овој циклус.

Шкупи се уште игра, а чека двомеч со Балкани од Косово за настап во групната фаза во Конференциската лига на УЕФА, додека Македонија Ѓ.П. испадна од ЦСКА Софија.

Утре во истиот термин од 17 часот ќе играат Шкендија – Силекс, Брегалница – Струга, Победа – Тиквеш и Работнички со Академија Пандев.

 

- Оглас -

Најнови вести