Максималниот учинок во подготвителниот период, Атлетико Мадрид го пренесе и во шпанската лига, а добрата форма на контролните средби за Алваро Мората продолжи и на првиот официјален меч.
Јорганџиите на гости го победија Хетафе со 3-0 и сега имаат 19 победи и три ремија на последните 22 дуели против градскиот ривал. Тренерот Симеоне има рекордни 19 победи против Хетафе, против ниту еден друг клуб нема толку триумфи.
Жоао Феликс беше асистент при сите три гола, а за Антоан Гриезман заврши најцрната серија во кариерата од 23 меча по ред без постигнат гол.