ФИФА го прифати предлогот на Бразил и Аргентина – Парична казна наместо одигрување на откажаниот натпревар

ФИФА го прифати предлогот на фудбалските федерации на Бразил и Аргентина да платат парични казни наместо да го одиграат откажаниот натпревар од јужноамериканските квалификации за Мундијалот во Катар.

Дуелот требаше да се одигра во септември, но бидејќи Кариоките и Гаучосите веќе обезбедија пласман на Светското првенство, натпреварот не би имал никакво значење да се одигра. Со цел да се избегнат повреди, двете селекции може да планираат контролни натпревари наместо да се сретнат една со друга.

Инаку, дуелот лани во септември се откажа непосредно по самиот почеток, кога се појавија неколку позитивни случаи на ковид-19 во редовите на селекцијата на Аргентина.

- Оглас -

Најнови вести