Шумарите купија уште еден играч, потрошија 200 милиони евра и сега се летни рекордери со 16 засилувања

Нотингам форест договори уште едно летно засилување, 16-то по ред, со што новиот премиерлигаш е рекордер во Англија според бројот на играчи што ги ангажираше во овој преоден рок.

Морган Вајт-Гибс ќе биде последното во низа засилување за поранешниот двоен европски првак и ќе биде најскап бидејќи неговиот трансфер од Вулверхемптон ќе чини 40 милиони евра.

Досега летово најскап беше Таиво Авонији, кој дојде од Унион Берлин за сума од 20,5 милиони евра.

Гибс-Вајт има 22 години и во последните две сезони играше за Свонси во Чемпионшип лигата како позајмен од Вулверхемптон.

Нотингам форест со неговиот ангажман ќе потроши точно 200 милиони евра вкупно за засилувања, што е отприлика колку и сумата што ја добија за влез во Премиер лигата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести