Обамејанг се согласил да премине во Челзи, но Сините не сакаат да им платат 30 милиони на Каталонците

Пјер-Емерик Обамејанг потврдно одговорил на понудата да игра за Челзи, не му е проблем да заигра за Сините, но за да реализира трансферот, потребно е да се согласи и Барселона.

Барса за својот резервен централен напаѓач бара отштета од 30 милиони евра, сума која Челзи не сака да ја плати. Сините се расположени да одвојат 20 милиони за 33-годишниот напаѓач од Габон.

Обамејанг на 24 меча даде 13 гола, се покажа како големо засилување за Барселона во вториот дел од минатата сезона, но летово е во втор план откако клубот го купи Роберт Левандовски. Тренерот Чави не сака да остане без Оба бидејќи се најавува заминување и на Мемфис Депај во Јувентус, па Барса би немала стабилна резервна опција за Левандовски.

- Оглас -

Најнови вести