Српската кошаркарска репрезентација славеше со убедливи 83:56 против Германија во Хамбург за освојување на пријателскиот турнир ДББ Суперкуп. За европскиот вицепрвак ова беше добро загревање за квалификациските дуели против Грција и Турција подоцна месецов, за Мундобаскетот 2023.
https://twitter.com/KSSrbije/status/1561032332773031939
Домаќините до почетокот на третата четвртина се обидуваа ја анулираат двоцифрената негатива, но Србите влегоа во одлична серија и му дозволија на противникот да постине само 10 поени во периодот, наспроти нивните 27. Финишот беше лесен, Србија можеше и до +30 поени разлика, за сепак победата да биде рутински остварена.
Најкорисниот играч на НБА-лигата, Никола Јокиќ, ја предводеше својата селекција исто како против Италија вчера. Џокерот во 17 минути поминати на паркетот, постигна 22 поени и 5 скока, го следеше МВП на Евролигата, Василие Мициќ со 14 поени. За Германија единствен двоцифрен играч беше Андреас Обст со 12 поени.
Претходно Италија ја надигра Чешка со 96:80 за освојување на третото место на турнирот во Хамбург.