Лидс го декласира Челзи, катастрофален ден за лондонските екипи во Премиер лигата (видео)

Лидс јунајтед го приреди изненадувањето на третото коло во Премиер лигата со убедливите 3-0 над фаворитот Челзи. На „Еланд роуд“ се гледаше шоу на капитенот Родриго со погодок и асистенција, по што Шпанецот засега е прв стрелец во шампионатот со четири погодоци на три натпревари.

Катастрофата за гигантот од Западен Лондон почна во 33-тата минута, кога Менди непромислено сакаше да дрибла пред својот гол, а Аронсон му ја украде топката и погоди за 1-0. До двојна предност домаќините стигнаа само четири минути подоцна откако Родриго со глава го совлада сенегалскиот голман.

До тотално распаѓање на Сините, се погрижи Херисон, кој доби асистенција назад од Родриго и во 69-тата минута ги постави конечните 3-0. Главоболките за Челзи не застанаа тука, бидејќи Кулибали предвреме го заврши мечот по заработениот втор жолт картон и исклучување во 85-тата минута, па Сенегалецот ќе мора да отсуствува од следниот натпревар.

За Лидс ова е прва премиерлигашка победа над Челзи по пауза од 20 години.

Пораз без постигнат гол претрпи и вториот лондонски тим кој денеска играше. Вест хем на домашен терен загуби со 0-2 од Брајтон, по головите на Мекалистер од пенал во 22-та минута, односно Тросар во 66-тата минута.

За Чеканите ова е трет пораз во исто толку натпревари и се најдоа на дното на табелата со негативна гол разлика од 0-5.

West Ham 0-[2] Brighton – Leandro Trossard from soccer

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести