Глупоста на „дриблерот“ Менди е убав подарок за Лидс, Сините делуваат избезумено на „Еланд роуд“ (видео)

Лидс јунајтед во период од четири минути во првото полувреме постигна два гола против Челзи, за изненадувачко водство од 2-0 на дуелот кој се игра на „Еланд роуд“ во рамките од третото коло во Премиер лигата.

Домаќините на среќен начин дојдоа до предност во 33-тата минута, откако голманот Менди сакаше да дрибла пред голот, а под притисок на Аронсон го загуби поседот и му подари на Лидс водечки гол.

Само четири минути подоцна, Херисон изведе опасен прекин, а Родриго одлично го испрати нафрлувањето и со глава ја затресе противничката мрежа за негов четврти лигашки гол по нецели три натпревари.

- Оглас -

Најнови вести