Црн рекорд, поцрвене фудбалска Македонија – Имаше дури седум исклучувања на четири меча во Првата лига

Шкендија ја победи Академија Пандев со 1:0 на гости во дербито на третото коло во Првата македонска фудбалска лига, кое беше бурно со дури седум црвени картони на четири меча.

Само Шкендија победи како гостин денеска и само на дуелот во Струмица немаше исклучување.

Најмногу црвени картони, дури по три имаше во Кратово, каде Силекс го победи Скопје со 3:1 и во Струга каде домаќинот го победи Работнички со 2:1.

Еден црвен картон добија играчите на Брегалница во Кавадарци на дуелот со Тиквеш што заврши нерешено 1:1.

Вчера Македонија Ѓорче Петров убедливо со 4:1 ја победи Победа.

Струга е на првото место со максимални 9 бода по три кола, пред Силекс и Шкендија со по 7.

Без бодови се уште се Победа и Работнички по три меча и Скопје, екипа што одигра два дуели досега на стартот од сезоната во ПМФЛ.

- Оглас -

Најнови вести