Европската куќа на фудбалот следниот месец ќе почне да дели санкции на 10 европски клуба, меѓу кои најпознатите се Пари Сен Жермен, Барселона, Јувентус, Интер, известува реномираниот медиум „Тајмс“.
Санкциите следуваат по непочитувањето на финансискиот фер-плеј од страна на европските гиганти, кои сè уште ги немаат регулирано финансиите од сезонатa 2020/21.
УЕФА ќе ги санкционира парично француските екипи ПСЖ и Олимпик Марсеј, додека за Интер и Рома се подготуваат парични казни и дополнителни рестрикции, веројатно во вид на забрана за купување играчи во еден преоден рок.
Во меѓувреме е направена нова листа од 20 клуба кои се под лупата на УЕФА од исти причини, нерегуларни финансии според пресметките на фер-плејот. Од нив, Арсенал како најзвучен клуб се најде на листата.