Босанскиот шампион го најде вистинскиот рецепт: Дома не игра, во Европа гази

Босанскиот шампион Зрињски најде успешен рецепт за Европа и задутре ќе има шанса со успех во реваншот против Слован Братислава да се пласира во фазата по групи во Конференциската лига на УЕФА.

Зрињски отпатува за Братислава со предност од 1:0 и со одморен тим откако речиси и воопшто да не игра во босанското првенство на стартот од новата сезона.

Досега Фудбалската федерација на БиХ им одложи дури пет од вкупно 7 натпревари што требаше да ги играат, а интересно е дека останатите екипи од првенството воопшто и не се бунат за ваквиот третман што го има Зрињски.

Сите знаат дека ако тимот од Мостар успее да се пласира во фазата по групи, тоа ќе им донесе подобар рејтинг и пари на босанските клубови.

Двомечот меѓу Слован и Зрињски директно одлучува која екипа ќе игра во фазата по групи во Конференциската лига на УЕФА, а реваншот се игра во четврток, од 20.30 часот на „Техелне поле“ во Братислава.

Шанса да игра во Конференциската лига на УЕФА има и македонскиот првак Шкупи само ако успее да ја анулира негативата од 1:2, задутре во Приштина против Балкани.

Реваншот ќе се игра од 20 часот.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести