Сениорската кошаркарска репрезентација на Македонија вечерва (19 часот) гостува кај селекцијата на Данска во Нествед за старт на претквалификациите за Евробаскетот 2025.
Селекторот Александар Јончевски располага со целиот ростер во пресрет на незгодното гостување во кое ја добија аутсајдерската улога според квотите во Sport Life. За триумф на Македонија се нуди 4.05 квота, наспроти 1.27 квотата во корист на домаќините.
Во тимот кој го предводи капитенот Војдан Стојановски се уште и Андреј Магдевски, Бобан Стајиќ, Дамјан Робев, Андреј Јакимовски, Стојан Ѓуроски, Бојан Крстевски, Андреј Маслинко, Виктор Ефремовски, Ненад Димитријевиќ, Кристијан Николов, како и младите сили како Теодор Симиќ, Лука Савиќевиќ, Марко Миловановиќ и Димитар Пандев.
Два дена по овој дуел, во СРЦ „Кале“, Македонија ќе ја пречека Словачка во рамките од второто коло во претквалификациите.