По пласманот во ЛШ, Динамо ја враќа рекордната продажба во своите редови

По пласманот во групната фаза во Лигата на шампионите, на што Динамо Загреб чекаше три години, хрватскиот првак е блиску да се засили со својот некогашен талент, Марко Пјаца.

Хрватските медиуми го најавија камбекот на 27-годишниот крилен офанзивец, кој е во потрага по минутажа со цел да избори место во составот на Хрватска за Мундијалот во Катар. Наводно ангажманот е договорен, останува да се дознаат деталите, односно дали тоа ќе биде привремен трансфер и колкав дел од платата на Пјаца ќе ја исплаќа Динамо.

Пјаца е рекордна продажба на Модрите за сума од 29,4 милиони евра, кога во летото 2016 година потпиша за Јувентус. Старата дама го праќаше на повеќе позајмици, почнувајќи од Шалке, па Фиорентина, Андерлехт, Џенова, за на крајот да заврши кај соседот Торино.

- Оглас -

Најнови вести