Македонија ја победи Данска на гостувањето во Нествед со тројка од половина терен на Ненад Димитријевиќ, во премиерниот меч за нас во Д групата од претквалификациите за настап на Евробаскетот во 2025 година.
Нено немаше многу време за размислување и во последната секунда погоди на неверојатен начин за триумф од 73:70.
Иако имавме позитива од пет поени, 34:29 по првото полувреме, продолжението го одигравме слабо и бевме пред пораз, но се спасивме на чудесен начин.
Во првото полувреме одлично функционираше одбраната кај гостите од Македонија и примивме само 29 поени за 20 минути игра, но не продолживме во ист ритам.
Данска ја доби третата четвртина со 26:21, а пследната ни припадна нам со тројката на Димитријевиќ, 18:15.
Кај нас и на мечот најефикасен беше Ненад Димитријевиќ со 29 поени, а имаше и по 4 скока и асистенции.
Ѓуроски даде 10 поени, колку што имаше и Војдан Стојановски, доволно за голем триумф на Македонија.
Дарко Јукиќ со 20 поени и шест скока ги предводеше Викинзите како најефикасен кај домаќините.
Следниот меч ќе го играме со Словачка дома, на 28 август, а нашиот следен ривал денеска беше декласиран од Норвешка на свој терен со 87:68.