Очекуваат добри резултати со поранешниот селектор, кој е прв во Македонија што успеал да ја одведе нашата А селекција на големо натпреварување, на Европското првенство што се играше лани.
„Ангеловски е наш избор и веруваме дека е добар и дека ќе успее одличните резултати со македонската репрезентација да ги преточи во успешна авантура и во Горица. Сакаме да ја почуствуваме македонската бајка со Ангеловски“, истакна претседателот на Горица, Ненад Чрнко.
Горица е претпоследна во ХНЛ со само една победа на шест меча, а Ангеловски ќе почне од „нула“ и се надева дека ќе ја репризира одисејата со Македонија што ја почна од „нулта“ позиација во 2015 година и ја заврши лани со историски настап на ЕП.
„Нема да се расфрлам со изјави, а веќе сите го знаат мојот принцип на работа, да одиме чекор по чекор. Најважен ни е следниот меч, а верувам дека ќе излеземе од криза. Горица има добар тим, а квалитетот на играчите ветува добра перспектива и верувам дека ќе дојде период на добри резултати и успеси“, изјави популарниот Мрме.
Прв предизвик за него на клупата на Горица ќе му биде против Вараждин на гости идната сабота.