Фудбалерите на Унион Берлин се хит во Бундеслигата и нови лидери со 10 бода по четири кола, а денеска го декласираа Шалке 04 со 6:1 и тоа на гости во Гелзенкирхен.
Тимот од главниот град на Германија доминираше во текот на целиот меч и со по три гол во двете полувремиња го нокаутира некогашниот германски првак.
Со голови во првото полувреме минимално со по 1:0 Борусија Дортмунд ја победи Херта, а Хофенхајм беше подобар од Аугсбург.
Лајпциг го надигра Волсфбург со 2:0, со поеден погодок во двете полувремиња, а убедлив беше и Баер Леверкузен со триумф од 3:0 во Мајнц.
Од 18.30 часот се игра мечот меѓу Баерн и Борусија Менхенгладбах.