Светското првенство во Катар коешто ќе се одржи на крајот од оваа година ќе биде круната на фудбалските случувања за 2022.
Најдобрите фудбалски селекции со своите ѕвезди ќе се борат да го освојат највредниот трофеј во фудбалот, а една од најголемите легенди на овој спорт, Роналдињо, има свои фаворит.
„Мислам дека една европска селекција ќе го освои трофејот, а тоа е Шпанија. Со младите играчи предводени од Луис Енрике, според мене, тие се најголеми фаворити. Но, не смеам да го ‘отпишам’ и својот Бразил, којшто исто така е одличен и се надевам дека ќе дојдеме до најпрестижниот трофеј по пауза од 20 години, изјави Роналдињо.
Последниот трофеј на Кариоките на СП беше освоен 2002 година во Јапонија и Јужна Кореја, кога во големото финале ја совладаа Германија со 2:0.