Се повреди фудбалерот кој шест години не пропуштил меч во Шпанија

Напаѓачот на Атлетик Билбао, Ињаки Вилијамс, најверојатно ќе го пропушти следниот меч за својот тим. Вилијамс има повреда на глуждот и се очекува да го пропушти мечот против Еспањол, со што ќе стави крај на една неверојатна низа.

Ињаки повеќе од шест години нема пропуштено меч во шпанското првенство и има 236 меча во Примера во низа. Повредата на зглобот најверојатно ќе му донесе пауза од неколку недели, што значи дека „челичниот“ Вилијамс конечно ќе паузира.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести