Изгуби од Серена Вилијамс, па плачејќи си замина од прес-конференцијата

Анет Контавејт како втора носителка го заврши својот настап на Отвореното првенство на САД откако во второто коло беше елиминирана од легендарната Серена Вилијамс.

Вилијамс, за кого ова е последен гренслем во кариерата, одигра фантастичен меч и предводена од публиката, дојде до шеснаесетфиналето, каде што ќе се соочи со Алија Томовиќ.

Контавајт, пак, по крајот на средбата се расплака на прес-конференцијата.

„Одиграв добар меч, не е срамота да се изгуби од легендарна тенисерка како Серена, која, сосема очекувано, ја имаше публиката на својата страна.

Таа зад себе има одлична кариера и е пример за нас останатите тенисерки“, изјави Контавајт низ солзи и веднаш ја напушти салата за прес-конференции.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести