Обамејанг во Челзи ќе сретне познати фаци, и во Борусија беше заедно со Тухел и Пулишиќ

Пјер Емерик Обамејанг треба да замине од Барселона во Челзи, а во обратен правец да оди Маркос Алонсо. Договорите детално се прегледуваат и наскоро се очекува официјализација.

Обамејанг играше одлично во полусезоната во Барса каде дојде во јануари, но Каталонците летово го купија Роберт Левандовски, па Оба стана резерва. Тоа го искористи Челзи за да си го засили нападот.

Во Челзи, Обамејанг повторно ќе биде покрај своите „стари пријатели“. Тој во Борусија Дортмунд играше со Кристијан Пулишиќ кој е во Челзи, а тренер им беше Томас Тухел, кој сега седи на клупата на Сините.

- Оглас -

Најнови вести