Грците ја добија драмата – Хрватска немаше сили за кам-бек против браќата Адетокумбо и „компанија“

Кошаркарската репрезентација на Грција со победа од 89:85 над Хрватска ја стартуваше својата авантура на Евробаскетот.

Нашиот јужен сосед предводен од Јанис Адетокумбо и неговите браќа стигна до планираниот триумф и ги впиша првите два поени во групата Ц.

Фаворитот дојде до победата благодарение на одличното прво полувреме кое што го добија со 46:30. Во продолжението „коцкестите“ покажаа далеку подобра игра, но немаа сили за сензационален кам бек.

Хрватска во последната минута имаше и напад за израмнување на 84:84, но истиот не беше реализиран, а на спротивната страна Јанис Адетокумбо погоди за предност од плус четири.

Тајлер Дорси и Јанис беа најефикасни со по 27 уфрлени поени, но, највеќе се истакна токму Адетокумбо кој што имаше дабл дабл со плус 11 скокови и шест асистенции.

Кај Хрватите, пак, најефикасен беше Џајлен Дорси со 20 уфрлени поени.

Со тоа, Грците дојдоа на делба на првото место во оваа група, откако претходно Украина ја совлада Велика Британија со убедливи 90:61.

- Оглас -

Најнови вести