Последниве години голем број на фанови и фудбалери се вметнаа во дебатата за тоа дали шпанската Ла Лига или англиската Премиер лига е подобра.
Иако резултатите во европските натпреварувања се далеку на страната на шпанските екипи, голем број од навивачите сметаат дека тоа е лига составена од четири или пет клубови, додека на Островото е многу поразлично.
Последен во дебатата кој што се вклучи е Хамес Родригес кој што своевремено играше за Реал Мадрид и Евертон, но ниту во двата клуба не го исполни потенцијалот.
„Сметам дека Ла Лига е подобра од Премиер лигата. Во Англија имаш само трчање, додека во Ла Лига, доколку немаш техника и разбирање на високо ниво на фудбалот, џабе ти е се“ изјави Родригес.