Будење на заспаниот гигант – Валенсија со „петарда“ го дочека Гетафе

Дали по долги години, Валенсија ќе биде конкурентна во Ла Лига, ако не за титулата тогаш за едно од четирите места кои што носат во Лигата на шампионите.

Ако се суди според почетокот, тогаш такво нешто е возможно. Тимот од „Местања“ кој што во првите години од 21-от век беше рамо до рамо со Реал и Барса, веќе години наназад е далеку под своето ниво.

Валенсија предмалку во меч од четврттото коло го совлада Гетафе со убедливи 5:1 и стигна до шестиот бод сезонава.

Тони Лато ја најави голеадата во седмата минута, а потоа стрелаа и Самуел Дијаз Лино (14′), Самуел Кастиљехо (16′), Нико (65′) и Хуго Дуро (68′) донесоа предност од 5:0 а почесен гол за гостите даде Соса Алварез во 78-та минута.

Валенсија оваа сезона е водена од Џенаро Гатузо а пред неколку дена го претставија и Единсон Кавани како ново засилување.

- Оглас -

Најнови вести