Проблематичниот напаѓач се враќа во Премиер лигата и ќе стане „волк“

Диего Коста во наредните часови ќе биде претставен како нов фудбалер на Вуверхемптон. Некогашниот шпански репрезентативец во моментов е слободен агент, а се наоѓа во Англија, каде што ќе ја прифати понудата на премиерлигашот.

„Волците“ бараат замена за новото засилување Саша Калајџиќ, којшто ги скина лигаментите по доаѓањето од Штутгарт.

Коста и покрај тоа што има 33 години, има огромно искуство и претходно беше дел од најсилната англиска лига, каде што го носеше дресот на Челзи. Тој остана слободен агент откако му истече договорот со Атлетико Минеиро, каде што играше заедно со Хулк.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести