Дали Хрватска или Унгарија ќе се искачи на европскиот ватерполо трон ќе дознаеме вечерва по завршување на финалето во Сплит. Хрватите ја имаат предноста на домашниот терен, публиката ќе биде на нивна страна, но Унгарија е најтрофејната селекција во овој спорт и сигурно ќе сака да донесе уште едно најсјајно одличје од големо натпреварување.
Според квотите во Sport Life, Хрватска е благ фаворит, но традицијат вели дека Унгарија има четири победи во последните пет меча на овие ривали. Во последниве година и пол играле три пати, а Унгарија ја победувала Хрватска со 14:9, 15:11 и 13:11.
Освен мечот за златото, денеска се играат и уште три дуели за пласман. Шпанија и Италија ќе играат за третото место, Грција и Франција ќе се борат за петото место, а Црна Гора и Грузија ќе играат за да го освојат седмото место на континенталниот собир.