Кристофер Атертон влезе во историјата на фудбалот во Велика Британија како најмлад играч кој заиграл на официјален сениорски натпревар. Кристофер има само 13 години и 329 дена.
Атертон од лани тренира со првиот тим, а вчера дебитираше во дресот на својот клуб Гленавон и урна рекорд стар 42 години. Тој има талент, при првиот допир на топката имаше асистенција за шестиот гол на неговиот тим во победата од 6-0 во Лига купот на Северна Ирска.