Николов ќе потпише за некогашниот европски првак

Бобан Николов успеа да пронајде нов клуб откако му заврши договорот со Шериф Тираспол, и тоа каков клуб.

Станува збор за Стеауа, односно сега ФЦСБ, тим којшто во својата историја има освоено и титула од некогашниот Европски куп, своевремено најдоброто натпреварување во Европа.

Македонскиот репрезентативец со тоа по неколкумесечна пауза ќе се врати активно на фудбалските терени, а ова ќе биде нова авантура во Романија, откако претходно играше во Академија Хаџи и Виторул Костанца.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести