Германски притисок до УЕФА: Белорусија да биде исфрлена од натпреварувањата

Министерот за спорт во Германија, Нанси Фезер, испрати писмо до претседателот на УЕФА, Александер Чеферин, во кое се бара исклучување на Белорусија од квалификациите за пласман на Европското првенство 2024 година. Ова барање е поради поддршката која Белорусија јавно ја покажа за руската инвазија над Украина.

„Не само Русија, која води војна со нарушување на меѓународното право, туку и Белорусија како најголем поддржувач на Русите треба да бидат исклучени од меѓународните фудбалски мечеви и турнири“, стои во писмото испратено до УЕФА.

Германија ќе биде домаќин на Европското првенство во 2024 година и не би сакала да ја види Белорусија на овој турнир. Засега само Русија е исфрлена од речиси сите можни спортски натпреварувања.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести