Марко Асенсио е фудбалерот кој е незадоволен од минутажата што сезонава ја добива во Реал Мадрид. Играчот од средниот ред почесто е на клупата за резерви отколку на теренот, поради што е загрозен и неговиот настап на Светското првенство.
„Искрено не знам дали Барселона ме сака во нејзините редови. Дали ја исклучувам можноста да играм за Барселона? Никогаш не сум ни мислел за тоа. Има многу шпекулации, но тоа е нормално. За седум месеци ми истекува договорот и тогаш можам да бидам фудбалер на кој било клуб. Во овој период немам конкретен одговор за Барселона“, рече Асенсио.
Шпанскиот репрезентативец има 26 години, а најавите се дека од Реал нема добиено понуда за продолжување на договорот, па и тоа може да е причината поради која тренерот Карло Анчелоти сè поретко го става на теренот.
Во домашното првенство Анчелоти сезонава играл на два меча и двапати на терен бил помалку од 10 минути. И во Лигата на шампионите двапати влезе како резерва, а против Лајпциг за 27 минути на теренот успеа да постигне и гол. Вкупно сезонава има одиграно 50 минути за Реал Мадрид, што е премалку за репрезентативец на Шпанија.