Репрезентацијата на Франција со 2:0 ја победи Австрија и дојде до првата победа во групата 1 од Лигата на нациите во рамките на шестото коло.
„Триколорите“ реално одиграа под очекувањата и до победата дојдоа благодарение на головите на Килијан Мбапе (56′), кој по одличен слалом ја погоди мрежата на противникот, додека печат на триумфот стави Оливие Жиру во 65-тата минута.
Со оваа победа, Франција стигна до петтиот бод во групата и со тоа сега е на третото место имајќи еден повеќе токму од Австрија.
Mbappé masterclass 😮💨pic.twitter.com/D9vPQ7lvwH
— GoncaloDias17 SCCP (@goncalo_diass17) September 22, 2022