Пандев беше „последниот Мохиканец“ од шампионскиот тим на Интер (ФОТО)

Горан Пандев во четвртокот објави дека става крај на својата богата фудбалска кариера. Еден од најдобрите македонски фудбалери во историјата се збогува со „бубамарата“ но најави дека ќе остане активен околу овој спорт.

Пандев беше дел од шампионската генерација на Интер која што предводена од  Жозе Мурињо славеше во големото финале од Лигата на шампионите против Баерн Минхен со 2:0.

Токнму нашиот репрезентативец беше последниот активен играч од стартните 11 на Интер. Жулио Цезар, Мајкон, Лусио, Самуел, Киву, Занети, Камбијасо, Снајдер, Ето, Милито и токму Пандев беа дел од екипата која што стартуваше.

Од целиот тим, пак, вклучувајќи ги и резервите, сè уште активен е Марио Балотели кој што своевремено беше мега талент кој што не ги исполни очекувањата.

Секако тука е и незаменливиот Мурињо кој во моментов ја води екипата на Рома.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести