Екипата на Раднички Сремска Митровица го направи едно од најголемите изненадување во историјата на Купот на Србија откако во 16-финалето го елиминираше Партизан.
Партизан водеше со 1:0 и беше на прагот од пласман во следната фаза, а Раднички Сремска Митровица израмни со погодок во 92-рата минута и на тој начин домаќините се изборија за изведување на пенали. Во пенал-рулетот, фудбалерите на Партизан ги промашија четирите изведени удари од 11 метри, а домаќините погодија двапати, и тоа беше доволно за голема радост.
По историската победа, фудбалерите на Раднички прославија во локална кафеана, а во еден момент фудбалерите на овој второлигаш почнаа да скандираат дека за следен противник сакаат да им се падне Црвена ѕвезда.
View this post on Instagram