Партизан ги утна сите четири пенали и испадна од второлигаш во Купот на Србија (Видео)

Сензација се случи во 16-финалето на фудбалскиот Куп на Србија, второлигашот Раднички од Сремска Митровица на пенали го елиминира белградскиот Партизан.

Фаворитот од Белград беше на прагот на победа од 1-0, но домашните изедначија на 1-1 во 92-рата минута, па се премина на изведување на пенали. Неверојатно, но вистинито, Црно-белите не реализираа ниту еден пенал, а изведоа четири. Со ова, потсетија на финалето во Лигата на шампионите во 1986 година, кога Барса од четири обиди во пенал-рулетот, не погоди ниту еден пенал против Стеауа.

Голот за Партизан во регуларниот дел го даде Андраде, но истиот играч не успеа да погоди од белата точка во четвртата серија, па Раднички дојде до победа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести