Килијан Мбапе кога го потпиша новиот тригодишен договор со Пари Сен Жермен, мислеше дека ќе биде главниот што ќе одлучува за трансфер политиката на клубот, но изгледа не е така, па затоа изразува незадоволство.
На Мбапе не му е мило што во ПСЖ игра како централен напаѓач, повеќе би сакал да игра како крило, позиција на која настапува во репрезентацијата. Крилната позиција е зафатена од Нејмар, а Французинот и Бразилецот имаа и кавга кој да ги изведува пеналите.
Мбапе летоска дал и листа од четири имиња за кои сметал дека треба да дојде во ПСЖ. На листата биле Роберт Левандовски, Маркус Рашфорд, Осман Дембеле и Џанлука Скамака. Светците не купија ниту еден од нив.
Ако се купеа овие играчи, тогаш сигурно Нејмар ќе беше продаден или позајмен на друго место, и Мбапе ќе играше на неговата омилена позиција, и ќе беше задоволено неговото его.