Македонија Ѓорче Петров и Струга Трем Лум одиграа нерешено 1:1 во првиот меч од деветото коло во Прва фудбалска лига на Македонија.
Тимот на Срѓан Захариевски поведе со голот на Бунјамин Шабани во 62 минута. Од 74 минута, Македонија ЃП остана без исклучениот Матеус поради два жолти картони, но тоа не значеше дека домаќините се предадени.
Во 84 минута каптенот Адем промаши пенал, но Македонија ЃП сепак успеа да израмни. По асистенција на Скендери, младиот Алексовски погоди за 1:1 во 86 минута. Ова беше прв примен гол за Струга ТЛ на гостински терен и тој беше доволен да заврши нивниот триумфален од.