Вердер пукна петарда против петкратниот германски шампион

Фудбалерите на Вердер ја декласираа Борусија Менхенгладбах со 5:1 во осмото коло од Бундеслигата.

Домаќините со прикажаната игра потсетија на времето кога на „Весер“ стадионот играа во Лигата на шампионите и по само 13 минути имаа водство од 3:0.

Резултатот го отвори Никлас Фулкруг уште во 5. минута, а само три минути подоцна Марвин Душкаш ја удвои предноста. Фулкруг со вториот гол, по 13 минути игра го реши прашањето околу победникот, а за мизеријата на петкратниот германски шампион да биде поголема, Рами Бенсебаини си постигна автогол за убедливи 4:0 по првото полувреме.

Во вториот дел, Тирам го постигна почесниот гол за гостите во 63 минута, додека конечниот резултат го постави Михаел Визер десет минути подоцна.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести