Короната му прави проблеми на Баерн, ќе биде без двајца клучни фудбалери против Плзењ во ЛШ

Фудбалерите на Баерн Минхен, Томас Милер и Џошуа Кимих се позитивни на коронавирус поради што ќе го пропуштат натпреварот од третото коло во Лигата на шампионите против Викторија Плзењ што ќе се игра во вторник.

– Џошуа Кимих и Томас Милер, денеска беа позитивни на коронавирус. И двајцата немаат симптои и добро се чувствуваат. Тие се наоѓаат во домашна изолација – соопшти баварскиот тим.

Во Баварија, карантинот престанува по пет дена доколку лицето што било позитивно, во последните 48 часа нема симптоми на коронавирус.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести