Баерн Минхен пак ја декласира Викторија П’лзењ со 5:0 вечерва во Минхен, исто како и пред 9 години, а токму толку време, 9 години Баварците се непоразени на домашен терен во Лигата на шампионите.
Репер им е најмадиот играч во тимот, Џамал Мусијала, кој е бисер во составот на Баварците, а денеска постигна гол, но му беше поништен поради мал офсајд.
Баерн нема пораз на домашен терен во Лигата на шампионите од 2013 година, кога Манчестер сити ги победи со 3:2.
Интересно, мерка за успех им е токму Мусијала, кој имаше 10 години кога англискиот тим како последен успеа да го победи Баерн Минхен на „Алијанц арената“.
https://twitter.com/ChampionsLeague/status/1577345227622432780?s=20&t=jzmR-R6OxfTX-iTiw4C4fQ
Досега го делеа рекордот со Реал Мадрид со по 30 натпревари без неуспех во групната фаза во ЛШ.
If Bayern avoid defeat against Plzeň today, they would become the first team in Champions League history to remain unbeaten in 31 consecutive group stage games, breaking Real Madrid's record (30). #FCBPLZ pic.twitter.com/Ox1BayC2Pf
— Bayern & Germany (@iMiaSanMia) October 4, 2022