Бум: Чаби Алонсо првпат доби сериозен тренерски ангажман, презеде тим кој игра во Лигата на шампионите!

Чаби Алонсо, некогашниот фудбалер на Ливерпул, Реал Мадрид и Баерн Минхен, кој кариерата ја заврши пред пет години, попладнево е наименуван за нов тренер на Баер Леверкузен.

Шпанецот досега како тренер има работено само во У-14 тимот на Реал Мадрид и во Б тимот на Реал Сосиедад. Ангажманот во Баер му е прв во прволигашка сениорска конкуренција, а Фармацевтите треба да ги води и во Лигата на шампионите.

Договорот на 40-годишниот Алонсо со тимот кој во моментов е претпоследен во Бундеслигата е до 2024 година.

- Оглас -

Најнови вести