Навреда од Макси до Ванда: Некогаш возев крнтија, сега имам Ферари!

Првиот сопруг на Ванда Нара, Макси Лопез, во едно телевизиско гостување, брутално ја навреди својата екс-сопруга која сега е жена на неговиот поранешен пријател Мауро Икарди.

Макси кој во моментов се забавува со Швеѓанката Даниела Кристијансон, рече дека сега „вози Ферари“, а во минатото имал „крнтија“, мислејќи на Ванда која го изневери со пријателот, дури и се омажи со него и има две ќерки. Макси и Ванда имаат три заеднички сина.

Кога ќе го слушне ова Ванда, одговорот сигурно нема да изостане.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести