ПСЖ не го искористи киксот на Олимпик Марсеј

Лидерот во Лига 1, ПСЖ не го искористи киксот на второпласираниот Олимпик Марсеј и дополнително да му избега на табелата.

Откако Олимпик Марсеј загуби на домашен терен од Ајачио со 1:2, ПСЖ вечерва му гостуваше на Ремс, но одигра без голови.

Тренерот на ПСЖ, Кристоф Галтие за овој меч не можеше да смета на неколку повредени играчи меѓу кои беа Лионел Меси, Преснел Кимпембе и Ренато Санчез, додека на клупата за резерви го остави Нејмар.

Дополнителни главоболки на Галтие му зададе Серхио Рамос кој во 41 минута го доби 28 црвен картон во кариерата. Шпанецот прво заработи жолт картон поради остар старт, а по приговорот кон судијата, доби уште еден жол картон, што значеше исклучување.

Ниту внесувањето во игра на Нејмар немаше некој ефект и ПСЖ не успеа до крајот на мечот посериозно да се закани кон голот на домаќините.

ПСЖ по 10 кола е лидер на табелата во Лига 1 со 26 бода, додека Марсеј има три бода помалку.

- Оглас -

Најнови вести