Неверојатна статистика на Рамос, во просек има по една суспензија на 34 натпревари (ВИДЕО)

Фудбалерот на ПСЖ, Серхио Рамос заработи црвен картон на дуелот од 10 коло во Лига 1 меѓу Ремс и ПСЖ. Ова беше негов 28 црвен картон во кариерата во просек има по една суспензија на 34 натпревари.

Рамос на дуелот со Ремс прво доби жолт картон остар старт врз противникот во 41 минута. Шпанецот незадоволен од одлуката, му дофрли нешто на судијата Пјер Галост, кој без двоумење му покажа уште еден жолт картон што автоматски значи исклучување.

https://twitter.com/i/status/1578837974287994881

Ова е втор пат Рамос да биде исклучен како играч на ПСЖ, првиот пат беше минатата година на дуелот со Лориен и тоа беше негов втор натпревар во Лига 1 и вкупно трет во дресот на „светците“.

Дури 26 пати Рамос беше исклучен кога го носеше дресот на Реал Мадрид. Дури 21 исклучување имаше во Ла Лига, четири беа во Лигата на шампионите и едно во Кралскиот Куп.

Интересно е што Рамос за селекцијата на Шпанија одигра 194 натпревари и нема ниту еден црвен картон.

- Оглас -

Најнови вести